Осум меча во сингл и четири во конкуренција на двојки се на програмата во четврток (8.јуни) како дел мечевите на фјучрсот што се игра на терените на ТК Југ во рамките на ИТФ турнирот Скопје 25. Сите 12 меча се од второто коло од двете конкуренции.

Од македонските тенисери во поединечна конкуренција ќе играат Калин Ивановски, кој е и носител број 4 и Горазд Србљак, ддоека во конкуренција на двојки настап ќе има и Обрад Марковски заедно со Хрватот Вито Тонејц.

Распоред на мечеви – четврток 8.јуни

Централен терен – почеток 10 часот
Мирза Башиќ (БиХ) – Петр Нестеров (Бугарија)
Миљан Зекиќ (1,Србија) – Нини Габриел Дика (Романија) не пред 11:30 часот
Калин Ивановски (4,Македонија) – Ален Бил (Хрватска) не пред 13:30 часот

Терен број 5 – почеток 10 часот
Вито Тонејц (Хрватска) – Лука Петровиќ (Велика Британија)
Горазд Србљак (Македонија) – Ерги Киркин (5,Турција) не пред 11:30 часот
Јанаки Милев, Петр Нестеров (3,Бугарија) – Обрад Марковски (Македонија), Вито Тонејц (Хрватска) не пред 13 часот
Стефанос Скинас(Грција), Ханс Алберт Шуберт (Чиле) – Мирза Башиќ (4,БиХ), Миљан Зекиќ (Србија)

Терен број 6 – почеток 10 часот
Давуд Амиров (Русија) – Саша Жеимар Вајенбург (3,Франција)
Парикшит Сомани (1,Индија) Адам Тејлор (Австралија) – Рајан Голсворти, Џејмс МакКинлеј (Велика Британија) не пред 13 часот

Терен број 8 – почеток 10 часот
Неил Оберлеитнер (Австрија) – Тимур Биелдиугин (Украина)
Лазар Војновиќ (Србија) – Тоби Мартин (Велика Британија) не пред 11:30 часот
Христос Антонопулос, Јоанис Ксилас (Грција) – Саша Жеимар Вајенбург, Антоан Оанг (2,Франција) не пред 13 часот