Дефанзивецот на Вест Хем, Емерсон Палмиери, се надева дека ќе стане првиот играч кој ќе ги освои сите три клупски натпреварувања на УЕФА, a тоа сака да го одбележи со уште една тетоважа.

Палмиери кој веќе има трофеи од Лигата на шампионите и Лигата на Европа со Челзи, пред да направи трансфер во Вест Хем.

Сега тој се надева дека со „Чеканите“  ќе го подигне трофејот во Конференциската Лигата, а за тоа ќе мора да го добие финалето против Фиорентина.

28-годишниот Бразилец, веќе има две тетоважи на трофеите освоени со Челзи, како и на трофејот од Европското првенство во 2020-тата година, кога како член на италијанската репрезентација во финалето на „Вембли“ славеше против Англија,

Ќе успее ли Вест Хем да го обезбеди својот прв голем трофеј по пауза од 43 години, останува да видиме по утрешниот меч со Фиорентина закажан за 21 часот.