Супер талентираниот Холгер Руне, во маратонски меч го победи Аргентинецот, Франциско Серундоло со 3:2 во сетови и со тоа се пласираше во 1/4 каде за противник ќе го има Каспер Руд.
Мечот во кој видовме се, од убави поени, медицински тајм-аут, нервозни потези, траеше дури 4 часа, а на крајот во петтиот сет, Руне славаше на поени.

Младиот Данец одлично го отвори мечот и  го доби првиот сет во тајбрејк 7:6 (7:3). Аргентинецот успеа да се врати во вториот сет, кога во четвртиот гејм успеа да направи брејк за предност од 1:3. Брејк предноста успеа да ја сочува и со конечни 3:6 изедначи на 1:1.

Третиот сет почна подобро за Руне, кој во четвриот гејм дојде до брејк предност од 3:1, што подоцна го потврди и дојде до 4:1. Серундоло не се предаваше па успеа во седмиот гејм да го врати брејкот и да намали на 4:3, за да потоа дојде до 4:4. Сепак Руне во следниот гејм го одбрани својот сервис и го доведе во ситуација Аргентинецот да сервира за меч. Франциско Серундоло не успеа да го издржи притисокот и по втор пат во сетот претрпи брејк со што го загуби сетот со 6:4.

Во четвртиот сет гледавме целосна спротивност во однос на третиот. Руне влезе нервозно, грешеше а тоа го искористи Серундоло кој со брзи два брејка дојде до 0:3. Едноставно Аргентинецот имаше подобар ритам и со уште еден брејк, убедливо го доби сетот со 1:6.

Решавачкиот петти сет се играше гејм за гејм до 4:4. Кога Руне прв направи исчекор и направ брејк за 5:4, па имаше можност да сервира за меч. Сепак младиот Данец не ја искористи приликата и претрпи брејк па резултатот беше изедначен 5:5, а потоа 6:6, па решавачкиот сет отиде во тајбрејк.

Во дуелот прв до 10, Руне беше поприсебен и со 10:7 се радуваше на голема победа вредна четврт-финале, во кое за противник ќе го има Каспер Руд.