Поранешниот играч и тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу враќа во македонскиот фудбал. Toj во изминатите шест месеци беше без работа по разделбата со Дрита од Косово, a сега ја презема тетовска Шкендија.

Имено Нухиѕ ќе биде наследникот на Ќатип Османи кој си отиде по крајот од сезоната, а со Шкендија потпиша две годишен договор.

„Мило ми е што сум тука. Подготвен сум за новиот предизвик, ќе создадеме моќен тим за предизвиците во Европа, а потоа со иста енергија ќе влеземе и во првенството“, изјави Нухиу.

Нухиу имаше богата фудбалска кариера, која ја заврши во 2016 година во Шкупи, каде што потоа работеше две години како тренер, а потоа ја предводеше екипата на косовска Дрита.