Младата екипа на Македонија Ѓорче Петров го освои пехарот во Првата лига на Македонија.

„Лавовите“ следната сезона ќе играат во квалификациите за настап во младинската Лига на шампиони.

И покрај поразот во последното коло од екипата на Победа со 2:3, младите играчи на Македонија ЃП веќе пред 2 кола го имаа осигурано трофејот и станаа шампиони.

Денеска официјално им беа доделени медалите и секако го дигнаа трофејот на домашен терен.