Лионел Меси ја заврши соработката со ПСЖ и ова лето ќе си оди од францускиот клуб. Наскоро ќе дознаеме и во кој клуб ќе ја продолжи својата брилијантна кариера.

Кристоф Галтие денеска потврди дека Аргентинецот ќе си замине од ПСЖ.

„Ми беше чест што имав прилика да му бидам тренер на Меси, најдобриот играч на сите времиња.
Овој викенд Лионел Меси ќе го одигра својот последен натпревар на „Паркот на принцовите“ против екипата на Клермон “,
вели францускиот стручњак.

На 74 настапи за францускиот гигант, Меси имаше учинок од 32 погодоци и 34 асистенции, додека во својата кабина за трофеи додаде два од француската Лига 1 и еден од Супер купот на Франција.

Аргентинецот својот последен натпревар во дресот на Пари Сен Жермен ќе го одигра во сабота против Клермон со почеток од 21:00 часот.