Екипата на Штутгарт забележа убедлива победа над Хамбургeр со 3-0 во првиот бараж дуел за место во Бундес лигата. 

На натпреварот одигран на „Мерцедес Бенц Арената“ домашниот тим поведе уште во првата минута, односно па само 43.секунди игра, со голот на Гркот, Мавропанос. Пропушти Штутгарт поточно Гуараси да ја удвои предноста кога во 26-минута не реализира пенал. 

Сепак во второто полувреме набрзина за само три минути прво Вагноман (51), а Гуираси (54), ги постигнаа вториот и третиот гол за домаќините. 

Така Штутгарт со голема предност од 3:0 ќе  патува на реваншот во Хамбург закажан за понеделник (5 мај), по кој ќе се знае и последниот тим што следната сезона ќе игра во првата германска лига.