Дводневниот празник на кошарката во Македонска Каменица заврши со шампионска титула за организаторот на завршниот турнир во женска младинска М18 конкуренција тимот на Баскет Кам  кои во финалето беа подобри од Крива Паланка со 69:50.

Како и во сениорска, така и во младинска конкуренција титулата отиде во Македонска Каменица.

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 се новите шампионки и освојувачки на првото место и златниот медал на финалниот турнир кој се одигра во нивниот град.

Освен во првото полувреме каде имаше неизвесност, во вториот дел тотална домација на Баскет Кам 2011 кои сосема заслужено стигнаа до победата над Крива Паланка и титулата најдобри во младинска конкуренција.

Претходно во „малото финале“, Бадел 1862 беа подобри од Тим Арена (61:54) и го освоија третото место и бронзениот медал.

Покрај медалите и пехарите, четирите екипи учеснички на ,,фајнал-форот”  добија и  парични награди според пласманот.

Томислав Атанасовски