Во салата во „Градски парк“ во Скопје, четирите најдобри екипи во пионерската конкуренција, за кошаркари до 14 години, ќе се надигруваат за титулата „најдобар“ во оваа сезона.

Полуфиналните натпревари на програмата се денеска, а во нив за финалниот меч ќе се борат „талентите“ од Работнички и Вардар, односно нивните врсници од ИБА Академија и Куманово.

Како и за учесниците на завршниот „фајнал-фор“ турнир во младинска конкуренција кај девојките, така и за овој кај најмладите во машка конкуренција МКФ предвиде паричен фонд и тоа за шампионот сума до 45.000 денари, за финалистот 30.000 денари, победникот во дуелот за бронзениот медал ќе добие 25.000 денари, а поразениот 15.000 денари.

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М14 МАШКИ
20.МАЈ (САБОТА) ПОЛУФИНАЛЕ
16.00  РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР
18.30  ИБА АКАДЕМИЈА – КУМАНОВО

21.МАЈ (НЕДЕЛА) НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
16.00  ЗА ТРЕТО МЕСТО
18.30  ФИНАЛЕ