Овој викенд на програмата следува финалниот турнир во М18 лигата во женска конкуренција. Екипата на Баскет Кам 2011 ја доби организацијата на турнирот, кој во сабота и недела ќе се игра во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Тим Арена и Крива Паланка е закажано за 15.часот. А од 17.30 часот, за место во финалето ќе разигруваат домаќинот Баскет Кам 2011 и Бадел 1862.

Новитет е што Македонската Кошаркарската федерација (МКФ), предвиде и паричен награден фонд за екипите учесници, а во зависност од пласманот тој ќе изнесува, 30.000 денари за победникот, 25.000 денари, за финалистот, 15.000 денари за носителот на бронзениот медал, и 10.000 денари за тимот што ќе заврши како четврто рангиран (последен).

ФИНАЛЕН ТУРНИР – М18 ЖЕНИ 
20.МАЈ (САБОТА) ПОЛУФИНАЛЕ
15.00 ТИМ АРЕНА – КРИВА ПАЛАНКА
17.30 БАСКЕТ КAМ 2011 – БAДЕЛ 1862
21.МАЈ (НЕДЕЛА) НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН
12.00 ЗА ТРЕТО МЕСТО
14.30 ФИНАЛЕ