Јувентус за „влакно“ се спаси од пораз на домашен терен во дуелот со Севиља играјќи 1-1, па вечерва „старата дама“ ќе треба да го поправи впечатокот на тешкото гостување во Андалузија.

Тренерот на „бјанко-нерите“, Масимилијано Алегри изјави дека желба на сите е пласман во финалето, потенцирајќи дека неговите пулени го заслуживаат тоа.

„Севиља се силен тим и одиграа добро во Торино. Европа Лигата им е доста позната и вечерва ќе бидaт подржани од нивните навивачи. Ние мораме да се држиме до нашето темпо, бидејќи овој натпревар ќе биде долг и ќе мораме да чекаме шанси да нападнеме. Целиот тим сака да го достигне финалето. Без никакво непочитување, потценување кон Севиља, нашите момци го заслужуваат овој пласман кон финалето“. изјави Алегри.

Со резултат од 1-1 и промената во правилата на ова ниту еден тим сега нема предност во реваншот. Севиља се поискусни во ова натпреварување, но на хартија Јувентус посилни.

Без разлика на сите предности и маани, вечерва во 21 часот нé очекува одличен натпревар во кој ќе се решава патникот во финалето од Европа Лигата.