Севиља ја пречекува екипата на Јувентус во реванш дуелот од полуфиналето на Лига Европа.   Првиот натпревар заврши без победник 1:1 и вечерва повторно од „нула“ ќе започне уште една возбудлива пресметка.

Екипата на Севиља на гостински терен имаше предност до последната секунда од натпреварот, кога при едно невнимание беа казнети и на овој натпревар ќе започнат без предност.

Кога е во прашање Лига Европа, Севиља се покажала како доста успешна, а нивните фанови се надеваат на ново финале и се разбира трофеј во финалето. Традицијата е на страната на андалузискиот тим. Имено. Кога Севиља успевала да се пласира во четвртфиналето, секогаш на крајот успевала да го освои трофејот во Лигата на Европа.

Јувентус пак на домашен терен се извлече со гол на самиот крај, а за да не се доведе пак во таква ситуација, ќе мора да одигра многу повнимателно и поумешно. Ова за нив е шанса во која гледаат спас на сезоната и ќе дадат се од себе за да стигнат во финалето и да се закитат со нова титула.

Вечерашниот натпреварот, кој според многумина го носи епитетот „финале пред финалето“ ќе се игра на стадионот “Рамон Санчез Пицхуан“ со почеток од 21 часот.

Филип Василевски