Тимот на Мајами поведе со 1:0 против Бостон во финалната серија од Источната конференција на НБА плеј-офот. Ова откако ноќеска „Хитс“ на гостински терен ги совлада „Селтикс“ со 123:116 во првата средбата од серијата подобар до четири победи. 

Во меч полн со пресврти, во кој двете екипи имаа предност од повеќе од десет поени, победникот беше решен на крајот од натпреварот. На крилата на Тејтум и Браун , Бостон замина на пауза со девет поени предност (66-57), за тимот од Флорида да ја фати приклучок во третата четвртина, кога Батлер со серија тројки.

Мајами водеше со 103:91 пред стартот на последната четвртина, но потоа следеше нов налет на  Бостон кој дојде на минус -4 (110-114). Но, немаа сили за комплетен пресврт домаќините па гостите од Флорида заслужено се радуваа на првата победа.

До овој триумф Мајами го предводеше, Џими Батлер со 35 поени, Адебајо додаде 20, а Мартин , Лаури, Винсент и Штрус постигнаа по 15 поени.

Кај Бостон шестмина го завршија натпреварот со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Тејтум кој реализира 30.

И следниот натпревар овие два тима ќе го играат во Бостон во сабота наутро од 02:30 часот.