Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања. Така е и денеска. Новак Ѓоковиќ останува на првата позиција на АТП листата.

Србинот не настапи на Мастерсот во Мадрид, а тоа го искористи младиот Карлос Алкараз. Младиот Шпанец со триумфот на овој турнир сека му се доближи на Ѓоковиќ и Алкараз е само пет поени, и веќе по турниот во Рим може да ја преземе првата позиција.

Во ТОП 10 има само една промена. Од третото до осмото место како и на претходното рангирање остануваат: Медведев, Руд, Циципас, Рубљев, Руне и Синер.

Сега деветти е Фриц, кој на десеттата позиција го помести Оже-Алијасим.

Најдобро македонски тенисер Калин Ивановски бележи прогрес за две места, па сега е на 459-тата позиција, што е за две послабо од неговиот најдобар пласман.