Никола Јокиќ постави личен рекорд во плејофот со неговата неверојатна партија, но тимот на  Денвер „Нагетс” не успеа да го добие 4.от натпревар во западното полуфинале. Феникс со победа од 129:124 изедначува на 2-2.

Натпреварот во првото полувреме беше рамноправен па „сонцата”, на пауза заминаа со само 2 поена позитива (63:61). Шоуто почна во третата четвртина. Се играше кош за кош, Никола Јокиќ беше несопирлив, а од другата страна тоа беше Девин Букер кој одново беше главен проблем за Денвер. Водството се менуваше, а токму Букер со две „тројки” во два напади го донесе најголемото водство на Феникс на натпреварот (98:92). Четвртата четвртина имаше свој херој во името на Лендри Шемет. Иако досега само разочаруваше Шемет, во последната четвртина погоди дури 4 од неговите 5 шута за три поени и донесе +10 за „Санс”. Денвер направи мал налет стигна и на -3, но Јокиќ промаши клучен шут, па во „пенал“ завршницата Феникс славеше со (129:124.

Никола Јокиќ ќе ја памети вечерта по неколку работи, но највеќе дека постигна личен рекорд со 53 поени и 11 асистенции за неговата екипа.

Девин Букер со 36 поени, 6 скока и 12 асистенции беше пак главен кај Феникс, а Кевин Дурент имаше 36 поени, 11 скока и 6 асистенции. Следниот натпревар се игра во Денвер, среда навечер во 4 часот.

Андреј Велјаноски