Како дел од многуте активности за одбележување на јубилејната 70.та година на Тениската Федерација на Македонија, на 7.ми мај 2023 – недела, на тениските терени на ТК ЈУГ Скопје (Градски Парк, Скопје), во соработка со Министерството за надворешни работи, ќе се одржи Дипломатски турнир во тенис.

Учесници ќе бидат дипломатски претставници од повеќе држави (Словенија, Романија, Германија, Полска, Босна и Херцеговина, Соединети Американски Држави, Франција, Шведска, С.Македонија). Турнирот ќе започне во 09:30 часот и мечевите ќе траат до 15 часот.

Со овој настан официјално и започнува тениското лето 2023 година, кое ќе изобилува со интересни меѓународни натпревари и возбудливи мечеви.