Ракометарките на Вардар лесно остварија победа на гости против екипата на Стружанка во седмото коло од женската Супер лига од плеј-офот со резултат 34:24. На почетокот двата тима дадоа по еден гол, по што Стружанка поведе со 4:3. Но, „вардарки“ успеаја да израмнат.

Се играше без поголема предност се додека Вардар со серија од 3-0 не поведе за 15:12. На полувреме екипите заминаа со резултат 17:14 за „црвено-црните“.

Во второто полувреме Вардар ја презеде игра во своите раце и ја зголемуваше разликата.

„Вардарки“ успеаја да поведат со +8 (26:18), а до крајот гостинската екипа ја одржуваше разликата и на крај успеаја да зголеми на +10, па крајниот резултат беше 34:24 за вардарки.

Во редовите на Вардар најефикасна беше Сара Стефановска со седум гола , а кај поразената екипа Магдалена Делиоска постигна осум гола.

Ивона Кимовска