Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Истанбул што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот од првото коло загуби од Романката Ирина Марија Бара со 2-1 во сетови. Нашата тенисерка во решавачкиот сет водеше со 5:3 во гемови, но го загуби сетот со 7:5. Мечот траеше 1 час и 52 минути.

Првиот сет и припадна Ѓорческа со 6:3 во гемови, а ривалката возврати во следниот сет со 6:2 , за 1-1 во сетови. Во третиот сет нерешено беше до 2:2, потоа Ѓорческа направи брејк и поведе со 4:2 и имаше водство од 5:3. Но, до крајот на мечот во следните четири гема Романката Бара беше подобра и освои четири гема со скор од 17:6 во освоени поени.

Ова беше петти меѓусебен дуел на двете тенисерки и сега Бара има предност од 3:2 во добиени мечеви.