Ракометната Федерација на Македонија ги пушти во продажба влезниците за последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024, во кој македонските ракометари против Турција ќе бркаат нов настап на континенталниот шампионат.

Продажбата на влезници започнува денес и тоа преку интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, за цена од само 100 денари.

Натреварот Македонија – Турција ќе се игра недела (30.04.2023 г.), со почеток во 18:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје.