Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во поеднинечна конкуренција на турнирот во словенечкиот град Копер. Таа во мечот од второто коло загуби од квалификантката од Романија Андреа Миту (31.година). Искусната Романка во решавачкиот сет направи пресврт и го доби мечот со 2-1 во сетови (6:1; 5:7 и 6:4 во гемови).

Првиот сет и припадна на Романката која беше поуспешна со 6:1, откако поведе со 4:0 на почетокот на мечот. Ѓорческа го доби вториот сет и изедначи на 1:1 со многу повеќе борба. Миту поведе со 5:4 во гемови, но нашата тенисерка успеа да освои три гема во низа за 7:5.

Во решавачкиот сет се играше променливо. Миту поведе со 2:0 во гемови, но Ѓорческа имаше серија од четири гема за водство од 4:2. Сепак романската тенисерка повторно имаше серија од четири гема и го освои сетот и со тоа и мечот со 6:4.

За македонската тенисерка останува уште настапот во двојки каде настапува со Вероника Ерјавец од Словенија, со која пред десетина дена победија на турнирот во Сплит.