Машката кадетска селекција на Македонија на играчи „Под 16“ години и по втор пат е поразена од грчките врсници во пријателски натпревар одигран во Солун.

Откако вчера во првиот дуел беа поразени со само еден поен разлика 68:67, денеска нашите надежи беа убедливо надиграни со 26 разлика 75:51

Откако домаќините го добија првиот период со 22:18, во вториот, младите грчки кошаркари направија серија од 12:3 со која направија голема предност, за на полувремето да заминат со +9 (40:31).

Лошата реализација на нашиот тим им донесе и предност од домаќините од +17 (53:36), па тоа беше најава за убедливата победа со конечни 75:51.

Овие два натпревари се дел од подготовките за кадетските селекции кој летово (август месец) во Скопје ќе настапуваат во „А“ дивизијата на Европското првенство за играчи до 16 години.