Македонскиот тенисер Калин Ивановски заедно со Лука Микрут од Хрватска ја минаа првата пречка на Челинџер турнирот во Сплит откако беа подобри од Британците Скот Данкан и Маркус Вилис со 2-0 во сетови. Македонско-хрватската двојка првиот сет го доби со 6:4 во гемови, додека во вториот сет беа уште подобри со 6:3.

Утре во четвртфиналето ќе играат против аргентинската комбинација Мариано Навоне и Хуан Баутиста Торес.

Ивановски и Микут беа полуфиналисти во двојки на фјучрсот претходната недела што се играше во Дубровник.