Екипата на Јанта волеје втората што се пласира во финалето на женскиот одбојкарски шампионат. 

Во мајсторката одиграна попладнево во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, одбојкарките на јанта волеј ја добија мајсторката против Наковски волеј со 3:0 во сетови. 

Во првиот сет иако гостинките од Струмица беа блиску до освојување на сетот, сепак со серија од 3-0 домашните одбојкарки се вратија во игра и го добија сетот со 26-24.

Тоа ги мотивира домаќинките кои уште на стартот на вториот сет создадоа предност од четири поени, која рутинирано ја одржуваа и зголемуваа за да го добија сетот со убедливи 25-17 за водство од 2:0. 

И во третиот сет домаќинките не попуштија па го добија со 25-20, за конечни 3:0 

Така тимот на Јанта волеј во реприза на минатогодишното финале ќе се обиде од тронот да го симне актуелниот шампион составот на Работнички Скопје кој со 2:0 во победи ја доби полуфиналната серија со екипата на Фит фан волеј.

Финалето започнува во вторник