Битолски Пелистер го заврши својот настап во регионалната кошаркарска АБА2 лига.

На завршниот „фајнал-ејт“ турнир што се одржува во Домжале, Словенија, ослабениот состав на Пелистер беше надигран од домаќинот и ТОП фаворит за Хелиос Санс со 101-47.

Прашањето околу победникот на овој меч беше решено уште по првата четвртина, во која освен стартните 3-0, се натаму кошаркарите на Хелиос беа оние кои доминираа на теренот, па на првата пауза заминаа до двојна и тоа двоцифрена предност 24-12, а на полувремето имаа и 32 поени предност 56-24.

Вториот дел беше само чиста формалност, па Пелистер загуби со убедливи 54 разлика.

Вредно е да се спомене дека, тренерот Маријан Илиевски не можеше да смета на тројца кошаркари од стартната петорка, повредениот Малслинко, како и Американците, Карпентер и Карутерс кој поради административни грешки на раководството на Пелистер (НЕ ОФИЦИЈАЛНО – не регулиран престој во државата) не отпатуваа за Словенија.

Во полуфиналето закажано за петок, тимот на Хелиос за противник ќе го има подобриот од последниот четвртфинален дуел меѓу Борац, Бања Лука и Широки Бриејг закажан за вечерва, додека во првото полуфинале ќе играат Крка и Подгорица, кои беа подобри од Сутјеска и Златибор.

Финалето ќе се игра во сабота од 20:30 часот.