Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја започнува 382-та недела на чело на АТП листата, а на таа позиција сигурно ќе остане и по турнирот во Монте Карло што се игра оваа недела.

Единствениот кој може да му се закани е Шпанецот Карлос Алкараз, кој поради повреда минатата седмица немаше настап.

Третата позиција му припаѓа на Стефанос Циципс, четврта е Каспер Руд, а потоа следуваат:  Даниил Медведев, Андреј Рубљев, Феликс Огер-Алиасиме, Јаник Синер, Холгер Руне и Тејлор Фриц во ТОП 10-те, додека повредениот Рафаел Надал падна на 15-та позиција.

На турнирот во Монте Карло, разбирливо Ѓоковиќ че ја има улогата на прв носите, а ќе биде  слободен во воведното коло, додека во второто закажано за утре ќе го чека исходот од дуелот меѓу Иван Гахов – Мекензи Мекдоналдс.