Машката кадетска селекција на Македонија за кошаркари до 16 години, летово ќе биде домаќин на Европскиот шампионат што ќе се одржи во Скопје во периодот од 5 до 13 август.

Конкуренцијата ќе биде исклучително силна, па затоа е време нашите кадети полека да ги започнуваат подготовките. Селекторот Александар Јованчев го очекува тешка работа па отсега ќе мора да тестира повеќе кандидати за црвено-жолтиот дрес.

Првата контрола, ќе биде нашиот јужен сосед, против кого комбинираниот македонскиот состав кошаркари родени 2007 и 2008 година, ќе одигра пријателски двомеч против.

Натпреварите против Грција ќе се одиграат во Солун, на 11 и на 12 април, а како што најавуваат од федерацијата подготовките ќе се одвиваат ден порано.

Подготовките за двомечот ќе се одвиваат во Скопје, во спортската сала Кале (голема).
Првиот тренинг е закажан за 10.04.2023 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот.

За овој двомеч селекторот Јованчев денеска го објави и списокот на играчи, во кои ќе смета за овие натпревари.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Сергеј Петровиќ – КК МЗТ Скопје А
Марио Симиќ – КК Работнички
Матеј Митревски – КК Баскет Кам
Глигор Цаневски – КК Куманово
Даријан Димовски – КК Работнички
Илин Најков – КК Вардар
Лука Марјановиќ – КК Водно санс
Дамјан Ивановски – КК Феникс
Борјан Китановски – КК МЗТ Скопје А.
Лука Антиќ – КК Феникс
Жарко Терзиевски – КК Вардар
Григориј Ѓорѓевиќ – КК Вардар
Љубен Ефтимовски – КК Вардар
Алексеј Нешовиќ – КК Вардар