Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години попладнево ги започнува натпреварите на УЕФА квалификацискиот турнир во втората рунда од Б лига.

Во рамките на првата групата чии средби ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, крај ФФМ, нашите млади фудбалери ќе одигра три квалификациски натпревари против соодветните селекции на Грузија и Гибралтар и Израел, редоследно.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко, натпреварите започнат попладнево од 13 часот кога ќе се сретнат со Грузија. Три дена подоцна на програмата е 2.коло, во кое се соочуваме со селекцијата на Гибралтар, во 13. часот, додека на 10 април, во истиот термин (13 ч.) во последното коло силите ќе ги одмериме со Израел.

Денешниот натпревар Македонија – Грузија може да го гледате ОВДЕ ВО ЖИВО.