Македонскиот ракометен шампион Вардар, по неочекуваниот пораз од Алкалоид во саботата, сега го очекува нов предизвик, но во регионалната СЕХА лига. 

Вардарци во четврток ќе го одиграат првиот меч од четвртфиналето против српскиот тим и тоа пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“. на црвено-црните неопходна им е поддршка од трибините како би оствариле што е можно поголема победа кој би им гарантирала мирен реванш натпревар во Нови Сад.  

Влезниците за овој натпревар веќе се пуштени во продажба, а може да се набават онлајн.