Не ќе да е на арно!

Изминатите четири дена, двете најмладите македонски кошаркарски селекции У14 (родени 2009 година и помлади), настапија на меѓународниот турнир што е дел од заедничката програмата неколку федерации, а под „капата“ на ФИБА, насловен како „Заедно до 16 години“.

Селекциите предводени од Владимир Мирковски (машка), односно Едина Муса (женската), не само што не се прославија, туку и разочараа. 

Освен убедливите победи над врсниците од Косово, на останатите шест средби доживеаја високи и убедливи порази во дуелите со соодветните селекции на Бугарија, Турција и Романија.

МАШКИ
Бугарија – Македонија 95:45
Турција – Македонија 87:57
Македонија – Косово 80:58
Романија – Македонија 88:80
ЖЕНСКИ
Бугарија – Македонија 56:37
Македонија – Косово 95:19
Турција – Македонија 55:19
Романија – Македонија 91:29

Оправдувања од типот „ова се први натпревари, тие се деца“ тешко минуваат, бидејќи и на спротивната страна играа деца, нивни врсници.

Причини за вака убедливите порази може да најдеме многу, но сигурно главна е посветеноста и работата во клубовите, системот на заедничка стратегија кој треба да го спроведе федерацијата, или најлесно е да ги „обвините“ децата и да кажеме „немаме таленти“, нешто во што, барем ние, не веруваме.

Македонија секогаш имала и ќе има спортски таленти, но колку и како се грижиме и работиме со нив е прашањето!?