Единствената спортска манифестација посветена исклучиво на понежниот пол ќе се одржи на 9.ти април 2023 година. Огранизаторот на трката- Сојузот на спортови на Скопје, изјави дека со бројката од 2500 пријави е срушен рекордот на пријавени натпреварувачки.

Сите кои сè уште се немаат пријавено, последен ден за пријавување е 04.04.2023. Регистрацијата и пријавувањето може да се направи на официјалната страна на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk. На денот на трката не е можно пријавување.

И оваа година, победничките во генералниот пласман ќе добијат награди, додека награди ќе има и за учесничките во 7 возразни подкатегории: прва категорија до 12 години, втора категорија до 14 години, трета категорија до 18 години, четврта категорија до 30 години, петта категорија до 40 години, шестта категорија до 50 години и седма категорија над 50 години.

Подигнување на стартните пакети ќе биде на 7.ми и 8.ми април во период од 11 до 18 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски кај лизгалиштето.

Овој спортски настан има за цел да го промовира значењето на физичката активност, особено трчањето и пешачењето, за здравјето на женската популација како примарна превенција, но и добро дружење, зајакнување на женската солидарност преку активизам, поддршка и мотивација. Дополнително, оваа трка ги охрабрува жените дека со малку волја можат да ги победат сопствените животни рекорди.

Стартот на трката и оваа година е фонтана “Лотос“, а истата започнува во 10 часот.