Руската машина, Данил Медведев продолжува со неверојатниот ритам и со сигурни 2-0 во сетови го победи Италијанецот Јаник Синер за титула во Мајами.

Медведев оваа сезона игра феноменален тенис и на последните 27 натпревари има 26 победи, што му донесе четири титули и едно финале.

Во денешното финале, клучен беше првиот сет, во кој Синер прв дојде до брејк и предност од 3-2, но Медведев екпресно врати со ри-брејк, за 3-3. По овие два брејка се играше гејм за гејм се до моментот кога Русинот имаше 6-5, а Синер сервираше за изедначување. Кога најмногу требаше, затаи сервисот на Синер и Медведев дојде до брејк со што го освои првиот сет.

Вториот  сет, почна со сервис на Медведев кој дојде до предност од 0-1. По овој сервис гејм, следуваа три во кои и двајцата тенисери претрпеа брејк. Најпрвин Медведев брејкна за 0-2, по што Синер возврати за 1-2. Русинот веднаш во следниот повторно дојде до брејк преднсот за 1-3, па со сигрни сервиси до крајот, го освои сетот и мечот.

Ова е четврта титула за Данил Медведев оваа година, по оние во Ротердам, Доха и Дубаи, со што од следната недела Русинот се враќа на четвртата позција. Италијанецот Синер, на новата ранг листа ќе биде на 9. позиција.