Ракометарите на Еурофарм Пелистер постигнаа тешка и голема победа на гостувањето во Кавадарци против незгодната екипа на Тиквеш со 22:21 (11:10). Со овој триумф битолчани се изедначија на табелата со Вардар со по 21 бод. Со тоа продолжува борбата за титулата, особено по вчерашното изненадување и поразот на Вардар од Алкалоид.

Победникот беше решен во финишот на дуелот. Водството од еден гол воглавно го имаа гостите, а последен пат беше нерешено 18:18. Домашниот тим не реализираше седмерец, голманот Кизиќ успешно интервенираше, а претходно и потоа вториот голман на Е.Пелистер Лесјак успеа да одбрани неколку удари на противичките играчи, па битолчани дојдоа и на +3 (21:18).

Домашниот тим до крајот на дуелот успеа само да го намали поразот.

Најефикасен на натпреварпт беше Страхиња Симиќ со 8 голови, додека кај Е.Пелистер најефикасен беше Себастијан Хененберг со 7 голови.

Табела: Вардар 21 бод, Еурофарм Пелистер 21, Алкалоид 18, Тиквеш 10, Бутел 7, Еурофарм Пелистер 2 7, Охрид 6, Пролет 5.