Елена Рибакина е првата финалистка на Мастерсот во Мајами.

Казахстанката која е 7-ма на ВТА листата одигра фантастичен меч со домашната фаворитка Американката, Џесика Пегула 3-та на ВТА.

Мечот во кој сервисот не беше никаква предност, па тенисерките успеваа да добијат гем на сервис на противничката, донесе бројни пресврти.

Така првиот сет, во кој имаше дури 6 брејка, беше решен во тај-брејкот што го доби Рибакина го доби со 7-3 на поени.

И во вториот двете тенисерки направија вкупно 5 брејка на сервис на противничката, но Казахстанката имаше еден повеќе па го доби сетот со 6-4, а мечот со 2:0.

Така Рибакина се избори за финале во кое ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Петра Квитова од Чешка и Романката, Сорана Кирстеа.