Во НБА лигата ноќеска на програмата беа само две средби.

Иако требаше да биде дерби, бидејќи во „ТД Гарден“ во Бостон гостуваше најдобриот тим во лигата Милвоки, сепак домашните „Селтикси“ ги „прегазија“ Бакси со дури 41 поен разлика 140-99.

Тандемот Џејсон Тејтјум и Јелјен Браун заедно постигнаа половина од поените на Босто. Тејтјум средбата ја заврши со 40, а Браун постигна 30 поени, па Антетокумпо кој постигна 24 за гостинската екипа, беше немоќен само да му се спротивстави на тимот на „Селтикси“

Пораз претрпе и прво пласираниот тим на западот, Денвер кој без Никола Јокиќ не е истата екипа. Србинот го пропушти синоќешниот меч во кој „Нагетси“ пред својата публика загубија од Њу Орлеанс и тоа убедливо со 107-88.

Инграм со трипл-дабл со 31 поени, 11 скокови и 10 асистенции, заедно со Мекалум беа најзаслужни за оваа важна победа на популарните „Пеликани“, кои се се поблиску до место во плејофот.