На АТП Мастерс турнирот во Индијан Велс, позната е првата двојка за полуфиналето. Русинот, Данил Медведев ќе игра против Американецот, Френсис Тиафо.

Медведев кој е петти носител на овој турнир, во два сета беше подобар од Александар Давидович Фокина во четвртфиналната рунда. Русинот чесно го доби првиот сет со 6-3, но во вториот мораше да се потруди повеќе па го реши во своја полза со 7-5. 

Неговиот во полуфиналето Тиафо го кој настапува како 14-ти носител во два сета со идентични 6-4 и 6-4 го победи Британецот, Камерон Нори. 

Вториот полуфинален пар ќе го дознаеме ноќеска откако ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални дуели во кои ќе се сретнат, домашниот тенисер Фриц Тејлор (4-носител) и Италијанецот, Јан Синер (11), односно првиот фаворит Шпанецот, Карлос Алказар ќе игра против Канаѓанецот, Феликс Агер-Алиасиме.