Откако синоќа ги добивме и последните два патници во четвртфиналето на Лигата на шампионите (Реал Мадрид и Наполи), вечерва ќе ги дознаеме и четвртфиналистите во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лигата на Европа.

На програмата се реванш осминафиналните средби во кои со најголеми шанси за прогрес се Манчестер Јунајтед кој во дуелот со Бетис влегува со три гола предност, односно Севиља и Баер Леверкузен кои ќе имаат по два гола предност на гостувањата во Турција и Унгарија.

Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот во Лондон, каде Арсенал и Спортинг ќе стартуваат со 2-2.

1/8 ФИНАЛЕ РЕВАНШ НАТПРЕВАР ЛИГА ЕВРОПА
18:45 часот
Р. БЕТИС – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 1-4 прв натпревар
ФЕНЕРБАХЧЕ – СЕВИЉА 0-2
ФЕЕНОРД – ШАХТЈОР ДОЊЕЦК 1-1
ФРАЈБУРГ – ЈУВЕНТУС 0-1
21:00 часот
АРСЕНАЛ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН 2-2
ФЕРЕНЦВАРОШ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 0-2
Р. СОСИЕДАД – РОМА 0-2
РОЈАЛ УНИОН СГ – УНИОН БЕРЛИН 3-3