Џани Инфантино останува на чело на Светската фудбалска федерација (ФИФА) до 2027 година. На 73-тиот Конгрес на ФИФА одржан во градот Кигали, Руанда. Инфантино повторно е избран за претседател на ФИФА без противкандидат.

За 52-годишнит  Швајцарец ова ќе му биде трет мандат на чело на ФИФА.

„Навистина сум среќен што ќе можам уште многу да придонесам за развојот на фудбалот, ќе бидам слуга на фудбалот и унапредувањето на спортот ширум целиот свет“, рече по реизборот Инфантино

Претходно Инфантино работеше како Генерален секретар на Европската фудбалска федерација (УЕФА), а од 2016 година е претседател на ФИФА, наследувајќи го Сеп Блатер на таа функција.