Баброба Крејчикова е сензационална победничка на ВТА Марстер турнирот што се одржа во Дубаи.

Чешката тенисерка до трофејот на овој турнир стигна со победите на прворангираните три светски тенисерки. 

Откако во четвртфиналето ја елиминира втората Белорусинката, Забаленка која триумфираше на Австралија опен пред две седмици, во полуфиналето Крејчикова беше подобра од 3-тата фаворитка Американката, Пегула. 

Денеска во мечот за трофејот, односно финалето чешката тенисерка неверојатно лесно ја победи најдобро рангираната во светот Ига Швјонтек од Полска и тоа по само два одиграни сета со 6-4 и 6-2.

Според „математиките“ Крејчикова во понеделник од 20-тото ќе скокне на 5-тото место на новата ВТА листа.