Португалскиот Ас, Кристијано Роналдо продолжи да поместува граници и пишува историја во Саудиска Арабија. Португалецот постигна хет-трик за Ал Наср во првото полувреме, за само 24 минути.

Посебно значење на овој хет-трик на Роналдо му дава и податокот дека ова е прв хет-трик во прво полувреме за еден играч во првата лига на Саудиска Арабија.

Својот прв од трите погодоци, Роналдо го постигна во 18. минута кога мирно го реализираше ударот од пената точка. Само пет минути подоцна, Роналдо доби употреблива топка од Ал Ганам и повторно го совлада противничкиот голман.
Историското достигнување и хет-трик во првото полувреме Роналдо по постигна во 44-тата минута.

Од пристигнувањето во Ал Насар, Роналдо одигра пет лигашки натпревари и дури 8 пати се запиша во листата стрелци, на што придодаде и две асистенции.

Роналдо е сега втор стрелец на тимот, зад Талиска кој има 13.