Најдобриот Македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласираше во полуфиналето на фјучрс турнирот во Монастир, Тунис.

По тешката и исцрпувачка победа во второто коло  против Мароканецот, Адам Мундир со 2-1, Калин денес во четвртфиналето многу полесно се справи со Австриецот, Сорген Себастијан, совладувајќи го со сигурни 2-0 во сетови. (6:2, 6:4).

Во полуфиналето, Калин Ивановски ќе се соочи со грчкиот тенисер, Стефанос Сакаларидис, кој е 641 играч на АТП ранг листата.

Турнирот во Монастир е во награден фонд од 15000 американски долари.