Барселона ја продолжи серијата одлични резултати, па вечерва немоќен против избораниците на Чави беше и Реал Сосиедат.

Победничкиот гол за Барселона беше дело на Французинот, Дембеле, кој со вистинска мајсторија во 52-та минута го матираше голманот Ремиро.

Голем хендикеп за сосиедат беше тоа што од 40-тата минута играа со играч помалку, откако директен црвен картон заработи Браиз Мендеж.

Барселона во полуфиналето ќе ги чека подобрите од преостанатите три пресметки:
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид
Осасуна – Севиља
Валенсија – Атлетик Билбао