Новак Ѓоковиќ без многу мака и со само пет загубени гемови го доби осминафиналниот меч со домашниот тенисер Алекс Де Минуар.

Србинот кој е четврти носител на Австралија опен славеше со 6-6, 6-1 и 6-2.

Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе биде Андреј Рубљев, кој исцрпувачки меч славеше победа над Данецот, Руне со 3-2 во сетови.

Место меѓу најдобрите осум обезбеди и Американецот, Томи Пол, кој неочекувано славеше лесна победа над Шпанецот, Баутиста Агут, како и неговиот сонародник Бен Шелтон кој ја доби американската пресметка со Џе Џеј Волф.

Утре на програмата се првите четвртфинални дуели во кои ќе играат
(3-носител) Стефанис Циципас од Грција и нај пријатното изненадување досега Чехот, Јиржи Лехечка кој на АТП листата е на 71-то место, додека (18) Русинот, Карен Хачанов за противник ќе го има Американецот, Себастијан Корда (29)

Ден подоцна (среда) на програмата е дуелот на главните фаворити (оние кои останаа) Србинот, Новак Ѓоковиќ (4-носител) и Рузинот, Андреј Рубљев (5), додека во последниот меч ќе играат Американците, Бен Шелтон и Пол.