Фудбалската Федерација на Македонија како социјално одговорна организација секоја година работи на различни проекти од полето на социјалната одговорност. Средства за овие проекти се добиваат од Хет-Трик 5 (2020-2024) фондовите на УЕФА и тоа од средствата коишто се наменети за социјална одговорност.

Проектите кои се одобруваат од страна на УЕФА мора да исполнуваат одредени критериуми, меѓу кои одржливост, долгорочност и поврзаност со некоја од полисите за социјална одговорност на УЕФА.

Проектот Фудбал за сите способности – Државно средно училиште Св. Наум Охридски е одобрен од страна на УЕФА.

Целта на проектот е:

Да се подобрат физичките условите во коишто учениците со попреченост во интелектуалниот развој од Државно средно училиште Св. Наум Охридски тренираат
Да се создадат услови за тренирање фудбал
Да се поттикнува самостојност и инклузија на децата со интелектуална попреченост.

За да се реализира проектот предвидени се следните активности кои треба партнерски да се изведат во текот на една година.

Подобрување на инфраструктура и физички услови:

Обложување на игралиштето во школото со вештачка трева
Донирање на топки и фудбалски реквизити за тренинзите кои ќе се одржуваат
Донирање на фудбалска опрема за децата кои ќе се вклучени во тренинзите во тек на цела година, за тренерите и воспитувачите
Организирање на тренинг активности и Фудбалски настани за поттикнување на самостојност и инклузија.