Легендарната американска скијачка Линдзи Вон повторно се застана на своите скии и стана првата жена што некогаш скијала на „Штрајф“ или популарната „пруга“, тркачката патека во ски центарот Кицбил

Пензионираната Вон е првата дама што некогаш се осмелила да скија ноќе.

Вон која во својата кариера освои се што може да се освои во спортот, пред да се пензионира во 2019 година, изјави дека посебен сон на секој скијач е да се спушти по оваа „страшна“ патека.

„Само кога скијате на Штрајф сте вистински спуст скијач. Штрајф е врвот на сите удолнини, најтешката патека во светот. Никој не веруваше дека можам да го направам тоа. После сите мои повреди, сега добив шансата, еднаш во животот, да се спуштам низ сите тие светлечки капии и да го исполнам мојот сон е неверојатно“, изјави 38 годишната Американка.

Вон до неодамна беше неприкосновена кога во прашање беа победите во Светскиот куп, се додека нејзината сонародничка Микаела Шифрин не ја оствари својата 82-ра победа во кариерата со што се израмни со Вонд.

Како Вон го исполни „животниот спуст сон“ погледнете на двете видеа подолу.