Репрезентацијата на Шпанија е првиот четвртфиналист откако попладнево во Краков ја совлада Словенија (31:26) во натпревар од 2.коло од групата 1 што се игра во Краков. Шпанија натпреварот го реши во вториот откако по првите 30 минути беше нерешено 15:15.

Словенија последен пат водеше со 19:18 на почетокот на вториот дел, а потоа Шпанија со серија од 6-1 дојде до водство од 24:20 кое го зачува до крајот на дуелот.

Најефикасен на дуелот беше Јуре Доленец со 9 голови, додека голманот на Словенија и член на битолски Еурофарм Пелистер имаше 11 одбрани најголем број во првиот дел.

Шпанија е прва на табелата со 8 бодови, пред Франција со 6, а следува Словенија со 4, Црна Гора има 2, а Полска и Иран се без бодови.

Во дуелот во Гетеборг Португалија убедливо ја совлада селекцијата на Зеленортската република со 35:23 (14:12).

На дуелот од Президент купот во групата 1 во Плоцк Чиле – Уругвај 34:24.