Ракометната репрезентација на Македонија со денешниот натпревар против Алжир ги продолжува настапите на Светското првенство Дуелот со Алжир почнува во 15:30 часот и се игра во Плоцк. Покрај овој дуел во Групата 2 од Президент купот играат Тунис – Мароко.

Денеска во трите термини продолжуваат и натпреварите од воведното коло во групите во Катовице и во Малме, каде главен акцент ќе биде на натпреварите на скандинавските репрезентации Данска и Норвешка против екс југослаовенските Хрватска односно Србија.

Група 3 – Катовице

1.коло (19.јануари): Катар – Холандија (почеток 15:30),

Германија – Аргентина (18:00),

Норвешка – Србија (20:30)

Група 4 – Малме

1.коло (19.јануари): САД – Бахреин (15:30),

Египет – Белгија (18:00),

Данска – Хрватска (20:30)