Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа ја стартуваше 2023 година откако денеска на фјучрс турнирот во Монастир, Тунис во 1.коло го победи Американецот Бојка со 2-1 во сетови за 2 часа и 1 минута. Ивановски подобро го почна мечот и го доби првиот сет со 6:3 во гемови успевајќи да направи брејк во осмиот гем за водство од 5:3.

Но, во следниот сет противникот возврати со истиот резултат 6:3 во гемови. Сепак Ивановски покажа ментална сила и решавачкиот сет го доби со убедливи 6:0 во гемови или 28:11 во освоени поени.

Во следното коло македонскиот тенисер ќе игра со победникот од дуелот на квалификантите Никола Тепмах (Франција) и Том Еванс (Австралија).

Турнирот во Монастир се игра за награден фонд од 15.000 долари.