Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром очекувано е поразен од Партизан во натпреварот од 15.коло во АБА лигата.

На средбата одиграна попладнево во Белград, домашниот тим ја потврди апсолутната улога на фаворит и забележа убедлива победа со 120-67.

Уште по првата четвртина која црно-белите ја добија со 29-15, беше јасно дека аеродромци нема што да бараат на овој меч.
така само фактографски ни останува да наброиме дека Партизан ги доби и наредите три периоди со, 25-16, 30-17 и 30-16, за да слави со конечни  120-67.

Кај домаќините најефикасен беше Смаилагиќ со 24поени, додека во редовите на МЗТ, Дамјан Стојановски постигна најмногу 16 поени.

МЗТ е на дното на табелата со само две победи, по 15 одиграни натпревари, додека Партизан со скор 13 победи и 2 порази е на делба на првите три позиции со Црвена Звазда и Цедевита Олимпија.

Во следно коло МЗТ во СЦ „Јане Сандански“ во сабота (21 јануари) го пречекува тимот на Будуќност.