Македонскиот репрезентативец, Марјан Радески се враќа во ПМФЛ и тоа во редовите на лидерот во домашното првенство, Струга Трим Лум.

Радески ќе биде големо засилување за екипата на Захариевски во борбата за титулата. 27 годишниот крилен напаѓач во Струга доаѓа од ерменскиот шампионат, од тимот на Пјуник, каде не доби вистинска шанса и имаше скромна минутажа.

Радески има големо искуство во Македонската лига, затоа што освен кратката епизода во Пјуник, сите други сезони ги помина во домашното првенство и тоа во редовите на Металург, Шкендија, Академија Пандев и Шкупи.

Радески се приклучи на подготовките и веќе тренира во новиот тим.