Со денешните осум натпревари ќе биде комплетирано второто коло на Мундијалот. Во рамки на Ф групата во Краков Македонија ќе игра против селекцијата на Холандија, која во првото коло ја победи Аргентина.

Секако дерби на денот треба да биде дуелот меѓу Германија и Србија што се игра во Катовице, откако и двете селекции постигна победи во првото коло. Секако со внимание ќе се следи и дуелот на Хрватска, која во првото коло беше убедливо поразена од Египет.

Распоред на натпреварите:

Е ГРУПА КАТОВИЦЕ

2.коло: Германија – Србија (почеток 18 часот) Катар – Алжир (почеток 20:30 часот)

Ф ГРУПА КРАКОВ

2.коло: Македонија – Холандија (18 часот) Норвешка – Аргентина (20:30 часот)

Г ГРУПА ЈЕНЧЕПИНГ

2.коло: Египет – Мароко (18 часот) Хрватска – САД (20:30 часот)

Х ГРУПА МАЛМЕ

2.коло: Белгија – Тунис (18 часот) Данска – Бахреин (20:30 часот)